logo

# Сатира

СДСМ ќе го одбере Каракачанов за градоначалник на Скопје?!?!

насловна слика

Оваа година се најавени локалните избори, а партиите започнуваат со процесот на бирање на своите кандидати. Како што дознаваме, ВМРО-ДПМНЕ ќе одберат некој човек што е тотално некадарен за работата, а СДСМ веќе има и конкретни имиња за кандидати.

Меѓу другото, дознаваме дека од СДСМ планираат да го номинираат Красимир Каракачанов за градоначалник на Скопје!

 

"Сметаме дека ова е супер идеја што ќе ги спои разликите меѓу Скопје и Бугарија. Ако не дозволиме на Красимир да биде градоначалник на Скопје утре можеби ќе добиеме ново вето. На крај краева, не дека градоначалникот ќе ви ги нахрани децата. Не треба да ви смета ако тој е градоначалник. Размислете, дали порадо би имале 500 евра плата во 3053 како членки на ЕУ или би преживеале 4 години со Красимир како градоначалник на Скопје?

Во моментов разговараме и за мото на кампањата, а финалисти се "Красимир за Красно Скопје" и "Со Каракачанов ќе се освои и Кара Камен" 

Ќе видиме кое од двеве ќе го искористиме.

 

Ние сме црвсто убедени дека Каракачанов ќе ги добие изборите." - ни кажаа од СДСМ.

Кога ги прашавме дали се цврсто убедени во победата поради тоа што имаат нелегални начини да се осигураат за победата тие само се насмеаја и ни кажаа "Ајде, да не откриваме се пред време."

Коментари

cbzaXvpTtbkZK7FBRV9u0TjgYhh0xOCYBAbJ4xuN

Захариева за претседник на совет....а пошто е од Пазарџик, една бесплатна тезга на зелено.....

rAkDJi2YYEnaQ6EufnM4cWmo8KEMSmSSEgWA0Hi7

Лик кој ќе ни остане у убави спомени......


Остави коментар