logo

# Сатира

СДСМ ЌЕ ДОНИРА ПЕНКАЛА ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО УКРАИНА!

насловна слика

Добри вести за сите инволвирани во војната во Украина!

 

Иако официјално СДСМ е на страна на Русија поради тоа што како што велат тие "Национализмот на Украина мора да престане, ако некоја држава ти се меша во суверенитетот треба да ќутиш и да потпишеш што ќе ти кажат", сепак нивната помош во војната ќе биде за секој граѓанин што во тој момент ќе се наоѓа во Украина.

 

"Планираме со авион да пратиме илјадници пенкала. Па кој успее да фати пенкало ќе може да го искористи. Една идеја беше и да фрламе балони со  боја, ама сфативме дека може да пукнат додека се во воздух. Затоа, ексклузивно ќе праќаме само пенкала, бидејќи војна се победува со пенкало. Режими и војни се рушат само со пенкала! Ќе бидне!" - изјави портпаролот на СДСМ.

 

Коментари


Остави коментар