Браво! Иако многумина политичари во минатото лажеле и сами се кителе со туѓи перја, оваа влада на СДСМ докажува дека не се срами да открие дека некои генијални идеи им се позајмени од други! Браво!
Владата на СДСМ најави нов закон за оданочување на хонорарци од 2023, а денеска објавија дека за оваа идеја разговарале на долго и широко со познат успешен бизнисмен од Унгарија.
"Би сакале да кажеме дека ваква генијална идеја ни текна од нигде никаде, но тоа не е така. За да направиш нешто вакво прегенијално мора да седнеш да разговараш со други луѓе. Со бизнисмени. Со искусни ликови. Не само луѓе од земјава, туку и луѓе од странство! Затоа, седнавме пред некое време на маса со еден бизнисмен од Унгарија и правевме муабет за тоа како да направиме што е можно погенијален потег за земјава. И ни текна! Така и дојде овој план даноциве и хонорарциве и све ова. Не знаеме дали бизнисменот сака да биде анонимен или не, па еве, сега за сега само ќе кажеме дека неговото име се римува со Бикола Бруевски..." - изјави еден член на владата во разговор со еден од нашите новинари.