logo

# Сатира

СДСМ: Ако сакате 90 минути пренос од финале на ЛШ - ќе треба да платите радиодифузна такса

насловна слика

Денеска се игра финалето во фудбалската Лига на шампиони, а фактот што преносот прекина во средина на второто полувреме ги збесна жителите на нашата земја кои сакаа да уживаат во натпреварот.


Од владата на СДСМ пак, велат дека "Колку пари толку музика" т.е. за тие пари, невозможно е да добијат целосен пренос.

 

"И вас не ви се наоѓа крај. Сакате и 90 минути фудбалски пренос на МТВ, а сакате и да не плаќате радиодифузна такса? Па дај решете се веќе еднаш! За тие пари што ги плаќате и ова ви е добро, Што е следно? Сакате добар живот? Сакате да живеете во устсавна држава? Ајде ви се молам, кај не плаќате радиодифузна такса па уште и се буните што имало проблем во преносот..." - изјави господин СДСМ.

 

Коментари


Остави коментар