logo

# Сатира

Саша Матиќ е дизајнерот кој е автор на логото за 30 години независност

насловна слика

По неколку часа неизвесност конечно е откриен авторот на логото за јубилејот – 30 години независност.

 

Се работи за познатиот српски пејач, а од неодамна и дизајнер, Саша Матиќ, кој на покана на поранешниот советник во кабинетот на премиерот, Зоран Башановиќ, го осмислил и го дизајнирал делото за само неколку дена.

 

- Со дизајн почнав да се занимавам во карантинот зошто немав настапи, а имав многу слободно време. Секако не работев сам од очигледни причини, туку заедно со брат ми Дејан, на кого сакам искрено да му се заблагодарам за помошта во дизајнирањето и да нагласам дека одби да биде платен за тоа. Хонорар ќе земам само јас, а неговиот дел нека биде подарок од семејството Матиќ до македонскиот народ за 30 годии самостојност. – рече авторот на логото.

 

Од Владата велат дека се презадоволни од крајниот резултат, иако морале да прават мали интервенции затоа што дизајнерот по грешка го вметнал и старото име на земјава, меѓутоа благодарение на острото око на премиерот бил избегнат голем дипломатски скандал и тоа било сменето со меѓународниот код МК.

Коментари

BcsCZpPwIqfOrRIRFWU4AFKQd9WUZuMN7wweFIWi

има ли дно за оваа гарнитура идиоти.....

BcsCZpPwIqfOrRIRFWU4AFKQd9WUZuMN7wweFIWi

Не е веќе смешно ни сатирично....


Остави коментар