Конечно, се има смисла!!!
Познатиот комичар кој е познат по глумењето на улогите на Борат и Бруно излезе со соопштение дека не постои Зоран Заев!
"Јас сум Зоран Заев. Тоа е мој лик. Јас го глумам Зоран Заев, го измислив и името и се. Ми беше смешно да измислам лик со иста буква за име и презиме. Како Питер Паркер или Кларк Кент. Мислев у старт луѓето ќе сфатат дека ептен глупо и очигледно име за фејк лик одбрав. Ама не сфатија. Со секоја измината година пробував што е можно почудни и посмешни изјави да давам. Ми стана досадно, мислев прашање на време е кога луѓе ќе сфатат дека ова е намерно глуп лик на кој што треба да му се смеете. Со Борат ме отркија неколку луѓе. Со Али Џи исто. Со Бруно исто така после некое време сфатија дека е фиктивен лик. Ама со Зоран Заев беше потешко. Дури, без никаква моја кривица некако и во влада завршив. Па после тоа пробав ептен да тропам глупости, чисто да можам да ја откријам мојата тајна. Ама не. Пробав во еден ден пет различни ставови да кажам. Ништо од тоа не успеа. И кога сфатив дека постојат луѓе што се сметаат за паметни а неиронично го поддржуваат овој фиктивен лик... немав избор, морав да излезам и да кажам дека ЈАС СУМ ЗОРАН ЗАЕВ. Не го можам ова повеќе, најглуп лик за глумење жими се. Се откажувам од глума!" - изјави Саша Барон Коен во изјава за медиумите.