logo

# Сатира

САНКЦИИ! "Маша и Медо" стануваат "Бакојани и Руменко"

насловна слика

Браво! Вака се поддржува Украина во војната против Русија!

 

Владата ова утро најави дека последниот пакет на санкции кон Русија ќе вклучуваат промена на името на цртаниот филм "Маша и Медо".

 

Новото име на серијата ќе биде "Бакојани и Руменко", а новото име е одбрано со цел да се зајакне нашето пријателство со Грција (затоа Маша ќе стане Бакојани) и Бугарија (затоа новото име на Медо ќе стане Руменко)

 

"Не знаевме како да и помогнеме на Украина. Мислевме да им пратиме чизми, ама сфативме дека нас чизми ни носи НАТО и дека немаме свои. Мислевме да им пратиме од старите униформи - ама тие се еднојазични, па не сакавме да се брукаме и да докажеме дека сме некои заостанати идиоти со еднојазични униформи. Затоа решивме вака да помогнеме на Украина. Со смена на името на цртанот "Маша и Медо". Како што рекле старите - Битно се гради менува име!" - изјави преставник на владата.

Коментари


Остави коментар