Санкциите од нашата земја кон Русија не престануваат!
Денеска, Димитар Ковачевски објави дека во отсуство на работи со кои можеме да ги казниме Русите за постапките на Владимир Путин, премиерот се решил да го пресече Владимир Путин од слика!
"Мора да знае дека ова не е во ред! Затоа, со помош на фотошоп го пресеков Владимир Путин од слика. На сликата не се наоѓаме ние двајца, некоја обична слика од интернет е... ама битна е поентата. Верувам дека ова ќе им помогне на граѓаните на Украина!" - изјави Ковачевски.
Граѓаните на Украина веднаш вратија со писмо до премиерот во кое се вели:
"Фала, не мораше."