Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес постигна историски успех за македонскиот спорт, откако со најновата блокада на македонското Собрание, го престигна Дикембе Мутомбо на вечната листа блокери и изби на врвот како најдобар блокер во светската историја.
- Иако многумина не веруваа во мене, сепак со ваша поддршка успеав да докажам кој е најдобриот! И токму затоа, ова признание би сакал да го посветам на сите мои сопартијци кои дадоа сѐ од себе за да се искачиме на врвот, каде веќе нѐ чека Коста Петров за да ни додели златен медал. Радувајте се земјаци! – изјави блокерот број 1 во историјата, Христијан Мицкоски.
Според резултатите, Мицкоски има далеку подобар процент на успешност од второпласираниот, односно неговиот рекорд е постигнат за само 4-5 години бавење со политика, додека на Мутомбо, за истиот успех му беа потребни дури 18 години.