ВЕСТИ ОД СРЕДНО-ДОЛНО-ГОРНО-МАЛКУ-ЛЕВО-ПА-ДЕСНО МАКЕДОНИЈА
Граѓанинот Наум Топук од с. Средно-долно-горно-малку-лево-па-десно Неодлучевци доби прва
награда на овогодинешниот саем за иновации со неговиот патент “Универзална машина за читање и продукција на мисли со додаток за производство на тоалетна и вредносна хартија, како и катализатор на издувни гасови и радиоактивни материи со алтернативна намена за спиритуално прочистување.”
„Благодарам за наградата, ќе ја искористам за мојот следен изум на тема како да бидеш невидлив,“ порача Наум Топук.
Веднаш по прогласувањето на победникот, наградата “Пофалница, со крадење на пронајдокот и протерување на пронаоѓачот во заборав” му беше врачена на среќниот Топук.