Екипата на Кооперација успеа да пронајде стар твит на еден многу познат интелектуалец од Русија.
Имено, станува збор за Павел Богов, човек кој се бори за правдата во Русија, а овој човек во 2015 твитнал "РУСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЛАЖЕ! НЕ ИМ ВЕРУВАЈТЕ НА ЗАПАДНИТЕ ПРОПАГАНДИ! НЕМА ДА ЈА НАПАДНЕМЕ УКРАИНА! НЕМА АНЕКСАЦИЈА НА КРИМ! НЕМА ЗЕЛЕНСКИ ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО УКРАИНА! НЕМА ДА ДОБИЕМЕ САНКЦИИ ОД ЕУ И САД! ЌЕ ИМА ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ ВО УКРАИНА! ЌЕ СИ ЛЕЖАТ! ЌЕ.СИ.ЛЕЖАТ. ЌЕ СИ ЛЕЖАТ!"
Апсолутно ништо од ова не е вистина. Впрочем, буквално спротивното се случи од секоја работа што Павел Богов пишал во твитот од 2015.
Сепак, и покрај ова, Павел Богов останува релевантен лик во Русија, а Путин и неговите соработници се уште го сметаат овој човек за интелектуалец и неговите мислења ги сметаат за точни и вистинити.
Ова ако не докажува дека Путин користи сериозна пропаганда за да остане на власт... не знаеме што докажува.
Исто така чудно е што не можеме ни да пронајдеме слики од интелектуалецот Павел Павелеев Богов, па ни останува барем ронка надеж да веруваме дека не е возможно олку глупав човек да постои на овој свет.