КОНЕЧНО! Откриено е кој стоеше зад пофалбите за Зоран Заев и сите коментари дека само вистински лидери што знаат што е морал си даваат оставка!
РУСКИ ХАКЕРИ!
Да, токму така! Руски хакери ги хакнале профилите на симпатизери на СДСМ за да пишуваат статуси од типот на "BRAVO GOSPODINE ZAEV! DRUGI NE BI DALE OSTAVKA NA VASE MESTO!", "BRAVO! SAMO LUGJE SO MORAL DAVAAT OSTAVKA!", "BRAVO! NE SE SITE ISTI! BRAVO ZORANE!" и слично.
"Видете, јас се пуштив на фејсбук спремен да пишам "Вистински морални луѓе најавуваат оставка по десетти пат во годината и после тоа се предомислуваат", арно ама... видов некој веќе се логирал на мојот профил и пишал нешто друго! А сите баш во живо ме знаат! Цело време викам дека карактеристика на вистински човек е да најави нешто морално и потоа да го направи спортивното! Сите што ме знаат ми пишаа "Brat? Aren si? Da ne te haknale ruski hakeri???" веднаш после статусот. Не го пишав јас тоа, руски хакери пак ни се мешаат во демократијата!!!" - изјави еден објективен, слободоумен, човек што не се замара со политика во интервју за нашиот сајт.