Вонредни вести! Руси во затвор!
Како што дознава Кооперација, ова утро била уапсена познатата актерка Снежана Конеска - Руси, откако МВР добиле анонимен повик.
Министерот за одбрана вели дека повикот звучел сериозно и пренел информација "Дојдете на оваа адреса. Отворете врата. Внатре има Руси. Сто посто вистина. Не ме прашувајте од каде знам", а МВР оваа информација ја сфатила поприлично сериозна и испратила единица за брзо распоредување на адресата.
"Да. Имаше Руси внатре. И заврши во затвор. Еднина. Испадна дека на таа адреса живеела актерката Снежана Конеска - Руси. Од кај да знаеме бе дека тоа и е презиме??? Мислевме дека ќе најдеме двајца од Русија. Ја ослободивме откако сфативме дека е една, а не двајца. Се дешава. Луѓе сме, грешки правиме. Ама ако! Не престануваме во борбата против војната! Ако некој знае човек со потекло од Русија или човек што некогаш во обложувалница уплатил тикет со Руски натпревари слободно јавете се. Ќе пратиме луѓе и ќе средиме се' набрзина. Чекор по чекор ќе ја реиме Руската агресија!" - вели портпаролот на МВР.