logo

# Сатира

РЕК Битола демантира дека новиот директор не е квалификуван: Како млад слушал само AC/DC!

насловна слика

Раководството на РЕК Битола, денес со соопштение реагираше на шпекулациите што почнаа да кружат во јавноста по назначувањето на в.д. директорот на комбинатот Пеце Матевски, инаку попознат како бивши хармоникаш во неколку познати музички групи, кој според голем дел од експертите не е доволно квалификуван за оваа позиција.

 

Во него, управниот одбор на РЕК Битола демантираше дека новопоставениот директор нема никакви квалификации за да биде директор на вака важно претпријатие, туку напротив, неговото опширно познавање на творештвото на австралискиот рок бенд AC/DC, го прави совршен кандидат за оваа позиција.

 

  • Уште од мал знаеше да прошета сам по Широк Сокак и да ја слуша Highway to hell или Thunderstruck на цел глас. После, кога потпорасна, влезе во фолк водите, но никогаш не заборави на својата прва љубов – AC/DC. А токму тие и го направија директор. Добро, и партијата, ама најмногу тие! – се вели во соопштението на РЕК Битола.

    

Кооперација се обиде да го контактира в.д. директорот со желба да ни исвири некоја од песните на AC/DC на својата хармоника, но неговата нова секретарка ни рече дека е зафатен со преслушување на нивните албуми, за да го освежи знаењето и да се подготви за првиот работен ден.

 

Нека му е со среќа!

Коментари

wu1vK4wdZU1rtI71sWsUmBTbQHz8cGZH72cYBhps

каков квалитетен кадар има СДСМ , ме чуди само зошто не го стаат Пинк Пантер за претседник, јес да е од цртан филм, ама исто ко овој погоре опишаниов има искуство , а најверојатно е и школуен у ФОН или на тетовски


Остави коментар