„Исчезнувањето“ на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, кој денес не се појави на закажаната седница за гласање на (не)доверба, сепак е само обичен куршлус во системот поради кој семејството Реџепи 24 часа останало без струја, изолирано и недостапно за јавноста.
За среќа, на помош им дошол господинот Али Ахмети, кој како добар самарјанин му пружил продолжен кабел на секој член од семејството за да ги наполнат мобилните телефони, а потоа и ги засолнил на тајна локација за да се стоплат по вечерта помината без греење.
За сега не се знае колку долго семејството ќе остане таму, но според извори блиски до господинот Реџепи тој е повеќе од задоволен од смештајот и се надева дека ќе може остане таму се' додека не се решат проблемите со системот.