logo

# Сатира

РЕБРЕНДИРАЊЕ!!! "Само Вистина" станува "Само Апасиев"

насловна слика

После ребреднирањето на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во зелена и недозреана партија, во нашата држава на повид е уште едно големо ребрендирање!

 

Имено, емисијата "Само Вистина" ќе се ребрендира во "Само Апасиев (и понекогаш Стојанче и Тасевски)"

 

"Видете, мора да правиме што можеме за да добиеме рејтинзи, а воедно и да ја претставиме емисијата во најреалистично светло. Сте гледале вие повеќе од 3 емисии на нашето шоу? Не? Добро, нема врска. Да сте гледале ќе сте виделе дека вистината се губи како твитерџија во владеење на СДСМ, како новинар во владеење на ВМРО, како Турција на Европско, како Македонија на Евровизија, како... муабетот ми е, нема вистина. Па глупо би било во емисија каде што почесто од вистината се појавуваат Апасиев, Тасевски и Стојанче ние уште да го фураме ова име. Башка, од СДСМ ни кажаа дека менување на име е права ствар и дека ако го направиме тоа немало повеќе да ни снемува струја. Изгледа Пикачу ќе ни го позајмат да врши напојување. Не знаеме уште, ќе видиме. Веруваме дека ова ребрендирање ќе биде навистина успешно!" - изјави госпоѓица Вистина.

Коментари


Остави коментар