Марко Арнаутовиќ - репрезентативец на Австрија со потекло од Србија наводно упатил жестоки зборови кон Џани Алиоски после постигнувањето на неговиот гол.
Тоа што тој наводно го изјавил било "да ти ебам мајката шиптарска"
Нормално, бидејќи ова е претерано навредливо, голем број на Албанци на Твитер и Фејсбук се побунија и побараа УЕФА и ФИФА да го санкционира фудбалерот. Албанците на социјалните мрежи делуваа навистина сплотено бидејќи фудбалер со Албански роднини бил навреден. И покрај тоа што Џани Алиоски е роден во Македонија и настапува за Македонија, тоа не ги спречи Албанците да се однесуваат човечки и да скокнат во одбрана на човекот што има албански корени во својата фамилија.
Тоа е супер.
Но, екипата на Кооперација што се занимава со патување во алтернативните универзуми, ги пронајде сите твитови на Македонците, откако во некој си алтернативен универзум фудбалер од Австралија со потекло од Македонија чул "да ти ја ебам мамата северномакедонска" од противник на Светско Првенство.
Ги издвојуваме најдобрите коментари од овој алтернативен универзум каде што ова се случува на Австралијанец со потекло од Македонија:
-Ех, гајле ми е за него, и јас ќе го пцуев на негово место...
-Е ако бе брат? Што? Убаво е тоа, нека води љубов со мајка му и постарите жени заслужуваат љубов? До кога со овие табу муабети???
-Е добро де? Битно знаел дека има потекло од Северна Македонија ти викам, сите знаат за земјата, идентитетот ни е бетон
-Де беее.....све се буните...за пцуење се буните..за плукање се буните...све вие експерти за све се? Ако де, го опцул? И што ако... да не ќе умре од една пцовка? Дајте ќутете еднаш не мора за све да се буните
-АКО! ТАКА МУ ТРЕБА ПРЕДАВНИЧКО КОПИЛЕ ОТИШОЛ ТАМУ У АВСТРАЛИЈА ЗА ПАРИ СЕ ПРОДАЛ СВЕ МУ ЕБАМ!!
-Искрено гајле ми е за човеков, немам никаква поврзаност со него
-И што бе? Сите македонци низ светов да ги браниме???? Бре, бре, ова патриотизмов болест бил, својот дом не си го гледаат, отишле бранеле таму некој од Австралија што не ни знае дека постоите...
-Море мамицата негова, нека дојде тука у Македонија да црнчи ко мене! Па уште и поддршка барал...па уште го вреѓале..МОРЕ ЌЕ ТЕ ВРЕЃАШ И ЌЕ ЌУТИШ КОПИЛЕ ЕДНО АВСТРАЛИСКО!!!
-Види, мене само ми е криво што и не го фаулираше претходно, само влагање у цеваница за вакви анти-македонски копилиња што бегаат од државава!!!
-Брееј, експерти за фудбал сте станале вие бе??? Експерти за пцовки сте станале бе? Бре, бре... ПА КАЈ БЕВТЕ ВАКА У ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ДА ЗБОРИТЕ БЕ?!?!
-Мамата??? МОРЕ И БАБАТА ДА МУ ЈА ЕБАМ ЈА НА НЕГО МЕ ПАДНА НА ТИКЕТ ПРЕД 2 НЕДЕЛИ УШТЕ ГО ПАМТАМ ЕЈ!!!
Заклучок: Цела среќа што живееме во овој универзум каде што луѓето се поддржуваат, а не во овој алтернативниот универзум каде што македонците си вадат очи меѓусебно... а и на луѓе од Австралија исто така.