logo

# Сатира

РАЗНОЛИКОСТА Е МОЌ! Ќе се отвори "Клуб Адолф Хитлер - Фирерот"!

насловна слика

Браво! По отворањето на културниот клуб "Ванчо Михајлов ВМРО" се најавува и отворање на нов културен центар во земјава!

 

Имено, Владата, заеднички со амбасадите на Германија и Австрија ќе отвори културен клуб наречен "Клуб Адолф Хитлер - Фирерот" во кој граѓаните на НашатаЗемја ќе може да дознаат повеќе за историското минато на Германија и останати Австријски ликови кои делувале во Германија.

 

"Разноликоста е моќ! Доста учевме за НашатаЗемја. Зошто да не дознаеме како тоа го прават државите од Европа? Во клубот "Адолф Хитлер - Фирерот" нашите граѓани ќе може да ужуваат во историските факти за ликовите од историјата на Германија, а освен за Адолф ќе може и да се дознае повеќе и за останати Австријци кои делувале во Германија. Ќе има восочни фигури од политичари, научници, уметници... Секако, ќе има и фигура на  Алберт Ајнштајн, па оттаму сакаме уште од сега да кажеме дека ако сте против овој културен клуб тогаш вие сте анти-наука и сте анти-Ајнштајн! Што нели, значи дека сте глупи и заостанати. Градиме мостови! "Kлуб Адолф Хитлер - Фирерот" ќе не донесе на чекор до ЕУ!" - изјави преставник на владата.

 

Коментари


Остави коментар