Навидум неспоиви, но сепак заедно! Боки и Рашковски рака под рака посетија повеќе луксузни продавници со чудна облека каде долго се забавуваа пробувајќи разни костими. За тоа време, јавноста беше загрижена за нивното здравје, со оглед на тоа што го изјавуваа медиумите за здравствената состојба на овие култни лица во приказната на нашата земја.
„Да, бев и на лекар, ама тоа беше сабајле. Беше и Боки. И тој од сабајле. Не сакам многу да зборувам за моментот со шопингот, но ќе кажам дека и тоа е дел од терапијата што ни ја препишаа денес на лекар! Јавноста со право е загрижена за нашето здравје. Единствена препорака од нашите доктори е јавноста да нѐ остави на мира додека спокојно шетаме по улиците! “ – рече Рашковски додека седнат во луксузната продавница чекаше да го види изборот на Боки, кој веќе долго време беше во пресоблекувалната.