Нов сериозен раскол го дрма СоцијалДемократскиотСојузнаМакедонија, кој не е ни социјалистички, ни демократски, ни сојуз, а уште помалку на Македонија.
Имено, големите ривали - Зоран и Заев повторно со различни ставови!
Поразениот на претседатеслките избори во СДСМ цврсто ја подржува Палестина, а неговиот опонент, моменталниот лидер и премиер - господинот Заев е од страната на Израел.
Многумина велат деак овие внатрепартиски проблеми можат да бидат решени само на предвремени внатрепартиски избори, каде членовите еднаш и засекогаш ќе мора да решат дали цврсто ќе застанат позади Зоран или сепак ќе се решат за неговиот немезис - господинот Заев.