Дали е на повидок раскол во коалицијата што е на власт?
Според Мицкоски одговорот на ова прашање е "Не, јас имам 2532 пратеници, договорено е се, само онака, му оставам на Заев да се радува, иначе готово е, имам ја мнозинство со преку две илјади пратеници... ама не знаат другите уште..."
Но, нашата редакција дознава нешто друго!
Имено, настанале сериозни расправии помеѓу Ахмети и Заев! Темата на конфликтот било поддржувањето на репрезентација на Европското првенство во фудбал.
Имено, Зоран Заев сакал да навива за Косово, а Ахмети сакал да навива за Зелено'ртските острови!
Иако ни двете екипи не се дел од ЕП, тоа не ги спречи овие двајца генијалци да имаат ваква расправија.
Ахмети изјави "Зелено? 'Рт? Острово? Што повеќе да побараш од една држава. Обожавам острови, обожавам 'ртови, а пред се обожавам зелено. И сами знаете колку сакам зелено. Премногу. Затоа, за нив ќе навивам на ЕП. Ама овој Зоки нешто глуми лудило.."
Кога го прашавме господинот Заев за мислење тој изјави.
"Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра. 🇲🇰🇽🇰 #EURO2020 #MKDKOS"