logo

# Сатира

Рамка од фејсбук профил и членска од ДУИ ќе ви дозволи влез во трговските центри!

насловна слика

ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ!

 

Откако до сега се бараше потврда за вакцинација за влез во трговски центри, меаните и кафе-баровите, отсега процесот ќе биде полесен!

 

Имено, доколку немате доказ дека сте вакциниран или дека сте прележале КОВИД-19, тогаш ќе можете да покажете фејсбук рамка на која што пишува "I GOT VACCINATED".

Доколку немате таква рамка, тогаш членска книшка од ДУИ исто така ќе ви заврши работа.

 

"Некој да лаже на Фејсбук? Невозможно! Имање на Фејсбук рамка да нема никаков ефект врз реалниот живот? Невозможно! Затоа, од денеска секој што има Фејсбук рамка дека е вакциниран ќе може да влезе во сите трговски центри и кафеани. Исто е како да сте се вакцинирале. Освен тоа, доколку имате членска книшка од ДУИ, влезот ќе ви биде олеснет, исто како да сте се вакцинирале пет пати. Веруваме дека овие мерки ќе вродат со плод!" - изјави човек што нити работи во министерството за здравство, нити е дел од владата, нити е дел од собранието... едноставно ни се појави пред камера и почна да збори.

Коментари


Остави коментар