logo

# Сатира

Рамиз Мерко забрани движење низ Струга без диплома од неговиот универзитет

насловна слика

Само високообразовани граѓани, со диплома од универзитетот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, од утре ќе смеат да се движат низ поширокиот центар на Струга, откако струшките власти решија да ја дополнат црната листа, на која веќе беа ставени костимите за капење.

 

- Сакаме Струга да ни биде полна со интелектуалци и затоа избравме универзитет во кој дипломите се добиваат со знаење - мојот! Сепак добра вест е тоа што сите кои ја немаат потребната диплома, ќе можат експресно да станат академски граѓани по специјална летна цена од неверојатни 999€. - изјави градоначалникот.

 

За спроведување на оваа мерка општината ќе формира специјална антинеписмена единица, која ќе го контролира движењето и ќе издава дипломи и магистерски на сите заинтересирани купувачи на знаење т.е. дозволи за движење.

Коментари

H0D56sni2a9vnh703j21RYAlOOmT1UdDI2gQqPGE

Nema komentara na ovw

OoCIngMMX7EUp9j93J2vMyzFdjo2EuukZLtWBEOW

А дали и кога ќе забрани влез во Струга на граѓани со американски пасоши, или збраната ќе важи само за Џо Бајден?


Остави коментар