Претседателот на Бугарија конечно со став што ги стресе најголемите партии во државата!
Имено, тој кажа дека во книгите по предметот "Историја, ама не е историја" (предмет што постои после реформите на Мила Царовска) треба да пишува дека УЧК во 2001 се бореле за правата на Бугарите во Република Северна Македонија.
Како што може да очекувате, ова навистина ги возбуди македонските политичари!
"Што??? ТОА НЕ Е ВИСТИНА! УЧК НЕ СЕ БОРЕШЕ ЗА ТОА!" - изјави Стево Пендаровски откако го известивме за изјавата на Румен Радев.
"Ќе треба да се видам со него деновиве. УЧК е црвената линија на нашата земја!!! Што? Дали било што друго ми смета во ситуацијата со Бугарија? Не бе, тамам си се дечките. Ама ова со УЧК... шо знам... сомнително... ќе треба да се видам со него, можеби и лошо превеле..." - беше изјавата на Стево Пендаровски.
Од владата се вели дека ова е типична провокација и дефинтивно нема да дозволат Бугарија да врши ревизионистичка историја.
"Не сакаме ревизионистичка историја. Факт е дека УЧК, на чело со позснатиот Бугарин Гоце Делчев во 2001 бореа за правата на LGBTQIA+ заедницата. Ова е факт. Се освен ова е невистина. Нема да дозволиме да се валка историјата и чистото лице на УЧК!" - се вели во документ испратен од МАНУ до Софија.
Наводно госпоѓата Софија е блиска до Румен Радев и ќе му го даде документот директно на господинот Радев.