Конечно - рационален став во ситуацијата со Украина и Русија! Имено, претседателот на Република Бугарија изјави дека Русија и Украина под итно треба да престанат со расправијата за Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република.
Тој им порача на двете земји дека Доњецк и Луганск не припаѓаат на Русија, не припаѓаат на Украина и дефинитивно не се независни.
Причината за ова е дека двете области припаѓаат на Бугарија.
"Не го знаат ова луѓето бидејќи историјата е лажна. Вистинската историја вели дека во 1423 Филип Втори Бугарски се борел против Адолф Хитлер и Евреите со цел да го прошири Бугарското Кралство. По неговата смрт, на тронот седнува Тоше Проески - познат Бугарски цар инаку, што деновиве лажно Северна Македонија го воспвеа како нив поет. И Тоше го освојува Доњецк, а десетина денови подоцна и Луганск. И од тогаш Доњецк и Луганск припаѓаат на Бугарија. Арно ама потоа дојдоа негативците и му ебаа матер на светот. Ама реалноста е дека Доњецк и Луганск се Бугарски. Три области - една држава. Бугарија. Да живее Бугарија!" - напиша Румен Радев на неговиот профил на Piczo.