logo

# Сатира

РАБОТНИЦИТЕ ПРИЗНАА: Работевме на своја рака и покрај забраната за да го изненадиме газдата

насловна слика

Работници на градилиштето зад Универзална сала, кое денес проголта дел од улицата „9ти Мај“, храбро застанаа во одбрана на својот газда и своите претпоставени и признаа дека директни виновници за овој инцидент се тие затоа што решиле да продолжат со изградбата и покрај забраната од инспекцискиот надзор, со цел да го изненадат газдата.

 

- Преземаме целосна одговорност за пропаѓањето на улицата, градењето без дозвола, непочитувањето на инспекцискиот надзор и сите други прекршени закони. Градевме без знаење на газдата за да го изненадиме, па кога ќе се врати од четвртиот одмор годинава, куќата да му биде готова. Но ете, не успеавме. – изјави главниот мајстор со солзи во очите.

 

Како што ни откри нашиот инсајдер близок до агенцијата преку која газдата патува, веднаш откако разбрал за случката тој го прекинал својот одмор на Сејшелите и без двоумење се вратил во земјава за да преземе одговорност и да признае дека неговите работници се виновни за пропаѓањето на улицата поради што ќе бидат соодветно казнети.

Коментари


Остави коментар