logo

# Сатира

Работата не смее да трпи: Бујар Османи правеше колоноскопија и држеше состанок

насловна слика

Само два дена откако во исто време држеше работен состанок и примаше инфузија, министерот за понадвор, Бујар Османи, повторно ја демонстрираше својата целосна посветеност кон функцијата и граѓаните!

 

Имено, тој денес одржа средба со претставници од невладиниот сектор, кон кои покажа должно почитување така што, додека тие ги изнесувале своите ставови и мислења, неговиот личен доктор му правел колоноскопија, како и уште неколку рутински прегледи на аналниот отвор.

 

Докторот кој ја вршел процедурата соопшти дека при прегледот не биле пронајдени никакви аномалии, ако не ги сметаме неколкутемина политиколози, аналитичари и други обични анални паразити, за кои аналниот отвор и дебелото црево на функционерите од власта се природно живеалиште. 

Коментари


Остави коментар