logo

# Сатира

Работа од дома: Верушевски се прислушкувал самиот себе

насловна слика
Во јавноста деновиве протекоа снимки на кои се слуша како Зоран Верушевски зборува самиот со себе. На снимките може да се слушне како Верушевски вербално, а потоа и физички се обидува да се пресмета самиот со себе. Од сигурни извори дознаваме дека снимките ги направил самиот Верушевски, кој поради настаната ситуација со кризата од Ковид-19 во моментов работи од дома. Во неможност да го прави она во кое е најдобар, се одлучил да се прислушкува самиот себе. Тој вели дека и самиот се изненадил од тоа до какви информации дошол. Изреволтиран се обидел физички да се премсета самиот со себе, по што соседите повикале полиција. Благдарение на брзата интервенција на припадниците на МВР било сопречено поголем инцидент. МВР во моментов работи на целосно расчистување на случајот.

Коментари


Остави коментар