Владимир Путин продолжува со напади кон сите неистомисленици!
Откако опозицијата во Русија, поддржана од голем број на бизнисмени најавија дека ќе пробаат се за го симнат Путин од власт поради војната во Украина, со свој став се појави и самиот Владимир Путин.
Тој вели дека нема потреба за државен удар, а додава и дека дефинитивно нема потреба зошто тој да биде симнат од власт поради некоја си "војна во Украина", бидејќи таква војна не ни постои!
"Војна? Не постои! Ве заплашуваат овие од опозицијата! Само измислуваат работи за да ве натераат да не ме сакате и да гласате за нив! Војната постои само во умовите на опозиционерите што измислуваат причини за да бидете контра мене. Не постои војна. Ви гарантирам. Додека сум жив. Додека го дишам овој руски воздух... нема да има војна во Украина од моја страна! А специјална операција? Можеби. Нема за тоа да одговарам. Само за војна. А војната постои само во умовите на опозиционерите. Ако не се сложувате со ова тогаш сте дел од опозиционерската партија во Русија." - беа зборовите на Путин.