logo

# Сатира

Путин распишува референдум "ЗА ПРИСВОЕНА УКРАИНА"

насловна слика

Претседателот на Русија продолжува со неговите напади кон Украина!!!

 

Откако тој недемократски проба да ја освои Украина, а тоа наиде на сериозни санкции, сега Русинот пробува да ја освои соседната земја на крајно демократски начин - со референдум.

 

Имено, тој распиша референдум наречен "ЗА ПРИСВОЕНА УКРАИНА" на која граѓаните ќе гласаат за тоа дали сакаат Русија да ја присвои Украина.

 

"Види брат, ова референдумот е чисто оптика. да се каже дека сум направил демократски. Иначе не ме ни интересира што ќе се случи. Со оглед на сите санкции и тоа што државата е во војна не ни очекувам да има јака излезеност. Најверојатно и ќе пропадне референдумот, ама тоа е не битно. Битно е да кажам дека имало референдум. Еве, макар и 36.87% проценти од народот да гласа, мене не ми е гајле. Ќе си изгласам во Кремљ со другарчињава од партија и ќе пишеме црно на бело дека "народот сакал да ја освоиме Украина", иако сигурно преку сила 36.87% само ја сакаат војнава, и скоро секој човек е против ова. Ама нема везе. Битно е да глумам демократија." - изјави Владимир Путин.

Од друга страна претседателот на Украина - Владимир Зеленски го кажа следново: "А бе... ова не звучи ептен демократски. Ама ете, Кремљ ако го изгласа тоа... што има да се бунам? Така ќе биде, уставна реалност ќе стане присвоена Украина и нема да постоиме. Тоа е. Што да праиш. Да земам да се борам против неправдата? Како не бе...."

 

 

Коментари


Остави коментар