logo

# Сатира

Путин: Мнозинство од Украинците, дури 36.87% сакаат да се спојат со Русија!

насловна слика

Рускиот психопат продолжува со својата пропаганда!

 

Крајната негова цел е да ја освои целата Украинска територија, а тој вели дека мнозинството од граѓаните на Украина ја поддржуваат специјалната операција и дека голем дел од граѓаните на Украина сакаат нивната земја да биде споена и да живее во една унија со Русија!

 

"Make Ukraine Russia Again! Не знам зошто го започнав говоров на англиски, така ми дојде. Ама друга ми е поентата. Украина ќе биде дел од Руската Федереација! Еве, референдумите минатата недела само потврдуваат дека Украинците сакаат да бидат освоени од Русија и сакаат да бидат во федерација со нас. А нели, сите знаеме дека нема ништо лошо во федерализација, остајте тоа некои заостанати небањати шупаци од Украина што ве лажат дека федерализацијата е лоша. Украина ќе биде дел од Руската Федерација, на задоволство на мнозинството на Украинци! Не верувајте на лажните вести. Дури 36,87% од Украинци сакаат да бидат дел од Русската Федерација, број што е огромно мнозинство! Со ваква, неоспорлива статистика, факт е дека војната ќе продолжи се додека не биде исполнета желбата на огромното мнозинство! Да живее Русија! Да живее Украина како дел од Руската Федерација!" - изјави Путин за националната телевизија на Русија.

 

Ние сметаме дека овој забегал и малце е чудно што мисли дека 36.87% е некое огромно мнозинство... ама па можеби и е мнозинство? Авторот на овој текст има бегано од часови по математика и не знае баш како функционираат бројките.

 

 

Коментари


Остави коментар