logo

# Сатира

ПУТИН ЌЕ ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА И ЌЕ СОЗДАДЕ ПАРТИЈА "ДЕМОКРАТСКО УКРАИНСКИ ИНТЕГРИТЕТ"!!

насловна слика

Конечно!!!

 

Путин ги послуша советите на САД и ЕУ и ќе запре со нападите во Украина и на демократски налин ќе проба да воведе двојазичност во Украина, откако пред неколку години Украина официјално го прекина Рускиот како официјален јазик во земјата.

 

"Да. Вистина е. Ќе престане војната. Така побараа ЕУ и САД од мене и јас ќе ги послушам. Партијата ќе се вика "Демократско Украински Интегритет" и како што кажува името ќе се залага за интегритет на демократијата во Украина. Од ЕУ и САД ми ветија дека секоја влада во Украина во иднина ќе мора да прими членови на ДУИ во неа и така ќе можам да си ги остварам целите во Украина. Првата цел ми е да ја вратам двојазичностса во Украина и повторно Рускиот јазик да биде официјален. Верувам дека ДУИ ќе добие голем број на гласови, а ако тоа не е случај ќе барам да има територијална поделба во Украина. Фер е, така ми побараа САД и ЕУ, а јас ќе ги послушам." - кажа Путин за нашиот сајт.

 

 

Коментари


Остави коментар