logo

# Сатира

Путин: Еден ден во Киев ќе има културен клуб со мое име!!!

насловна слика

Владимир Путин не запира со контроверзни изјави!


Неколку месеци откако ја започна војната во Русија, псхиопатот од Кремлин изјави дека не се грижи за тоа како историските книги ќе ја престават оваа војна, а згора на се надополни и дека еден ден верува дека во Киев ќе има културен клуб кој ќе го носи неговото име.

 

"Дали се грижам дека за 100 години од сега историските книги ќе ме престават како брутален диктатор? Не се замарам со историја. Јас гледам напред. Гледам прогресивно. Еве, во Украина има добар број на русофили, па верувам дека за 100 години од сега тие ќе изградат културен клуб со мое име баш во центарот на Киев. Верувам дека моето име и дело ќе биде славено во овој културен клуб." - изјави Путин.

 

По ова, тој беше запрашан дали смета дека Украина би имала проблем со градење на културен клуб со неговото име, а Путин одговори - "Не. Украина е прогресивна, напредна, интелигентна земја. Тие во  2122 нема да се замараат со тоа што се случувало во 2022. Ако им донее 1% шанса да влезат во ЕУ... ќе дозволат. Јас цврсто верувам дека не само што ќе се отвори културен клуб со моето име во центарот на Киев, туку и верувам дека нема да се учи за тоа што сум правел јас во 2022. Мислам ееееј 2122 година ќе биде тоа, луѓе ќе имаат летачки автомобили, ќе живеат на Марс, малце е глупо да се замараш со минатото. Затоа, не се сомневам дека јас ќе бидам добро запамтен. А сега се брзам, треба да одам да подувам малце." 

 

По изјавата, Путин се упати кон непознат правец за да ги дува свеќиците од тортицата.

 

 

Коментари


Остави коментар