Се зголемува бројот на Руси кои се против воената операција на Русија во Украина.
Се повеќе луѓе се собираат на плоштадите да протестираат против војната, но Владимир Путин имаше едноставен одговор на сите кои велат дека опасноста од нуклеарна војна не е најдобро решение за Русија или светот.
"Што? Не сакате нуклерна војна? Ние друга алтернатива освен нуклеарна војна немаме. Башка, да бидеме реални, немање на нуклеарна војна нема да ви ги нахрани децата. Во ред е да не ви се допаѓа, но сметам дека треба да стиснете нос и да ја голтнете оваа кнедла. Одиме понатаму со планот. Нуклеарна војна - не е совршена понуда, ама во моментов е најдобра понуда!" - изјави Владимир Путин.
И главниот идеолог на Кремљ - познатиот филозоф Александар Дугин се појави со свој статус на познатата социјална мрежа Vkontakte во кој им одговори на сите што се собираат да протестираат против војната.
"Завршува протестот, си идеш накај дома, во поштенското сандаче те чека опомена за неплатени сметки. Не можеш да стигнеш ниту сметките да ги платиш со социјалната помош. Влегуваш дома, фрижидерот празен. Си викаш; барем образот ми е чист и главата мирна. Не за долго... Доаѓаат децата ти бараат пари. Живеат во време кога гледаат сешто на социјалните мрежи и имаат многу желби. Срцето ти се кине, ама мораш да им кажеш дека едноставно немаш. Главата горе, очите впренеи во таванот, украинското знаме на гради. "Сла́ва Украї́ні!" - си велиш сам на себе додека цревата ти кркорат. Вреди ли???" - гласеше статусот на Дугин.