logo

# Сатира

Путин: Ако го освојам Киев ќе ја укинам радиодифузната такса!

насловна слика

Не запира Руската пропаганда низ светот!

 

Во обид да се престави себе си како голем фан на демократијата и уставноста, Владимир Путин кажа дека целта на "специјалната операција" во Украина е да се укине радиодифузната такса!

 

Тој вели дека Украинскиот народ предолго плаќа прескапа радиодифузна такса и дека откако тој ќе го "ослободи Киев" ќе следи "дерадиодифузнатаксација' на Украина!

 

"Дезинфекција. Дератизација. Денацификација. Дерадиодифузнатаксација. Тоа е целта на специјалната операција. Мора да го ослободиме Украинскиот народ од нацистите и од радиодифузните такси. Не сме непријатели. Не правиме ништо погрешно. Не може човек што укинува радиодифузна такса да биде на погрешната страна на историјата." - изјави Путин.

 

Останува да видиме дали оваа вест ќе ги предомисли Украинците и ќе навиваат за човекот што веќе сруши неколку закони со оваа т.н. специјална операција.

 

 

Коментари


Остави коментар