Владимир Путин конечно откри кога ќе заврши неговата агресија врз Украина!
Според него, недоволен број на луѓе ставиле рамка со украинското знаме на својот фејсбук профил и тоа е главанта причина зошто ситуацијата продолжува во исто темпо.
"Се се решава со фејсбук рамки. Сакате геј права во Саудијска Арабија, а само 15% од сите фејсбук профили ставаат ЛГБТ знаме на своите профили во Јуни??? Сакате крај на пандемијата а само 20% од вас ставиле "I got vaccinated" рамка на својот фејсбук профил? Ви текнува на рамките кога Нотр Дам беше запален? И? Што бидна? Ништо, се уште не е реставриран и најверојатно никогаш нема ни да биде. Зошто? Дека одма ги сменивте рамките со нешто друго. Е не може така другари. Затоа, менувајте рамки на фејсбук и ставете го знамето на Украина. Ако 80% од луѓето во светот го направат тоа тогаш ќе прекинам со агресијата. Видете што ќе правете и пренесете. Немам време за чекање." - изјави Путин.