logo

# Сатира

ПСИХОПАТ ОД ПРВА НАПИШАЛ "ДАНЕЛА" НАМЕСТО "ДАНИЕЛА"!

насловна слика

Психопати живеат насекаде околу нас. 

 

Можеби некои се поблиску до вас отколку што мислите.

 

Имено, нацијата овие денови е исплашена од психопат кој од прва точно го напишал името на кандидатката за градоначалник на Скопје.

 

"А бе добар дечко беше... го мислев дека е нормален. Срамежлив, повлечен, немаше многу пријатели, ама сепак делуваше како добар дечко. Ако го поздравам низ маало ќе климне со глава. Делуваше ок дечко... ама.... ама... не знаевме дека има и темна страна. Не знаевме дека се логира онлајн и на интернет пишува "Данела" од прва, наместо да и го утне името како секој нормален, па дури потоа да дознае дека не се викала "Даниела" кандидатката." - вели еден од соседите на психопатот.

 

Друг сосед вели дека се сомневал дека нешто не е во ред со младиот господин, бидејќи секое сабајле одел до продавница и производите ги носел во кеса.

 

"Сомнителен ми беше. Кеса? Сигурно сака да ја уништи околината со купување на кеси! А башка... од каде има пари за кеси бе???" - вели еден постар господин, исто така сосед на гореспоменатиот анонимен психопат.

 

Екипата на Кооперација ве предупредува. Внимавајте, можеби оваа нестабилна индивидуа живее и некаде помеѓу вас!

Коментари


Остави коментар