logo

# Сатира

Психолози: Не е пронајдено чувство на срам кај Заев, министрите и директорите

насловна слика

Откако изјавата на премиерот Заев дека кај министрите и директорите од власта не е пронајдена корупција предизвика општонародна еуфорија, нови одлични вести го креваат моралот и ни даваат прекупотребна надеж дека конечно ќе нѐ биде.

 

Имено, по сеопфатни тестови и мерења на кои биле подвргнати Заев и функционерите од првиот ешалон на власта, психолозите и медицинските лица задолжени за тестирањето дошле до заклучок дека кај 100% од нив не може да се пронајде чувство на срам и одговорност ниту во најмали траги.

 

Сепак, и покрај ваквите ветувачки резултати премиерот најави дека ќе инсистира тие редовно да носат маски и да избегнуваат контакт со обичните граѓани, затоа што на тој начин може да се заразат со овие несакани особини, што ќе значи крај за нивната политичка кариера.

Коментари

Зоран

хахаха, истите психолози, со дозвола на ЕМА И ФДА ,ќе почнат со тестирање на нов лек против идиотизам и клептоманија на првиот ешалон од сегашната гарнитура..... резултатите од тестирањата ќе ги објават во реномираното научно списание ОСТЕН И РАЗВИГОРЧЕ

Кирил

No coment...se e na mesto kazano

Кирил

No coment...se e na mesto kazano

XUR3eRIyFwvjnK5WfIXnw5uKNvpmzyrE5cpDICtN

zoce najseksi severnomakedonce

hjza93EnI7dc0CJdex1KKyLPhrrpeW9PsdjGQJT9

хахаха, муртински дон Жуан, се живо по пазариве у околина преврте...хахаха


Остави коментар