logo

# Сатира

ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ КОНЕЧНО ГО ПРОЧИТА БОЖИЌНИОТ СТАТУС НА ГРУЕВСКИ!

насловна слика

Конечно! Речиси 12 месеци од постирањето на божиќниот статус на сегашниот бегалец, а поранешен премиер, се појави првиот човек кој целосно го прочита фејсбук постот на Никола Груевски!

 

Многумина пробаа, но се откажаа соочени со сериозни пречки. Сепак, извесен Г.С. од Прилеп е првиот човек што конечно го прочита долгиот статус на господинот Груевски.

 

"Не беше лесно. Морав да ризикувам пријатели, врски, роднини... но сепак успеав! Знаете, кога сте навистина посветени не постои ниту една пречка што не можете да ја прескокнете. Не е лесно, но со секојдневен труд и работа усепав во целта! Планирам да започнам и да го читам статусот на Груевски за Илинден следно, па планирам некаде до следниот септември и тој статус да го прочитам во целост. Посакајте ми среќа!" - изјави првиот човек што го прочитал овој статус до крај.

Коментари


Остави коментар