КОНЕЧНО! Го имаме одговорот на прашањето "Дали Венко треба да си даде оставка после трагедијата во Тетово?"
Одговорот доаѓа од страна на сајтот MePlakaatDaJaStitamVladata.mk кој е официјално потврден како легитимен сајт од страна на Владата и ја има целосната контрола за тоа што е вистина или не.
Од сајтот велат дека е тотална невистина дека Венко е виновен за пожарот и катастрофата во Тетово.
"СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ!
Венко е министер за здравство. Не е министер за пожар. Не е министер за болница.
Дали тој го запали пожарот? Дали тој ја градеше болницата? Дали тој е газда на болницата? Дали тој ги уби луѓето?
Не!!!
Затоа, тотално е глупаво да се пренесуваат лажните вести дека Венко е виновен или треба да сноси било каква одговорност.
Ајде да гледаме напред и да се бориме со лажните вести.
Секој што ќе пише на фејсбук "Venko treba da snosi odgovornost" ќе биде казнет од страна на надлежните.
Ајде да одиме напред и да не дозволуваме лажните вести да ја кочат земјава." - се вели во соопштението на легитимниот сајт MePlakaatDaJaStitamVladata.mk кој ја има целосната ингеренција да се бори против лажните вести во земјава.