Најавени се масовни протести пред владата!!!
Откако премиерот Ковачевски се пофали дека за инат на Бугарија имаме официјален и чист македонски јазик, се повеќе граѓани се бунат на овој квази-патриотски потег на премиерот.
На протестите ќе се упати порака дека ако Бугарија бара да им го дадеме јазикот, ние дефинитивно тоа треба да го направиме бидејќи јазикот нема да ни ги нахрани децата и дека по секоја цел треба да се влезе во ЕУ, бидејќи нема друг излез.
"Што ќар сум видел од јазикот бе??? Пиши го таму дека е бугарски. Шо ако? Па пола држава не збори литературан јазик? Шо ми мења мене како е пишан јазиков што го зборам, ти текиња? Гајле ми е и ова шо го зборам дали е граматурно или не, секако се сфаќаме, така?" - изјави еден граѓанин.
Друг пак вели дека "не сме во позиција за преговарање. Бараат јазик? Дај им! Ајде више еднаш да го решиме проблемов бе и да влеземе у ЕУ како господа, мене курот ме боли шо јазик зборам!!!"
Има и такви кои велат дека јазикот не е точак да ти го украдат, и не гледаат ништо лошо во тоа да се пише дека нашиот јазик е бугарски ако тоа ни донесе влез во ЕУ за декада од сега.
Секако, има и такви кои се повешти со зборовите и пишуваат подолги статуси, а ние го издвојуваме нашиот омилен статус:
"Кога ќе ви дојдат сметките на 1-ви повисоки од вашата плата, сетете се дека јазикот не го дадовте, полесно ќе ви биде.
Кога ќе се скарате со родителите оти не ви ја даваат пензијата за да ги платите кредитите на 5-ти, верувам полесни ќе ви е оти Ковачевски ви гарантирал чист македонски јазик.
Кога синот или ќерката ќе ви кажат оти не стапуваат во брак и не сакаат деца затоа што на 35 години се уште невработени или на минималец, бидете горди оти вечниот јазик го зачувавте.
Кога ќе ви зачукаат на врата извршителите за застарен неплатен долг, со исправена глава ќе им кажете дека пиреј сте, платата ќе ја дадете, ама јазикот не.
Кога на суд ќе изгубите затоа што судијата бил од тефтерчето и штител партиски интереси, не очајувајте, па не говорите бугарски.
Кога политичарите од било која партија на избори ќе ви ветуваат а после нема да исполнуваат и ќе работат за лични интереси, ама ич да не ви е гајле бидејќи Урсула фон дер Лајен твитнала на ЧИСТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.
Кога работодавецот ќе ве малтретира, ќе ви исплаќа помалку плата, ќе ви даде 5 дена одмор колективен сосе викенд, ич да не му ја мислите, јазикот го зачувавте.
Кога децата ќе ви бараат нови патики оти од старите прстиња им излегуваат, гордо кажете им дека говорат јазик што исто така го говорел и Крсте Петков Мисирков.
Кога децата ќе ви се јават од јабана, голтнете ги солзите и сетете се дека не за џабе не им го дадовте јазикот на Бугарите, помалку ќе печат солзите.
Кога ќе им се пожалите на вашите роднини од странство дека тешко се живее во Северна Македонија, а тие ќе почнат да ви кукаат колку е потежок животот во странство, дека едвај врзуваат крај со крај, и после ќе ви се пофалат со слики од одморот на Сејшели, не се нервирајте, па нели за јазикот се жртвуваа и тие.
Кога ќе го затворите бизнисот заради нелојалната конкуренција на партиските фирми, главата горе, чисто-македонски-говоречки жителу на Република Северна Македонија! Ти можеш се да истрпиш, бидејќи нели, си го зачува јазикот!
Кога ќе отидете на лекар, и без врски со месеци нема да добиете точна дијагноза, и на крај кога ќе ви кажат дека имате уште 1 месец живот, ама да се откриело порано сто посто ќе сте се излечеле, не очајувајте, јазикот не го продадовте.
Кога на шалтер во банка ќе ви кажат дека и минусот веќе сте го потрошиле, вратете се дома и кажете им на вашите деца дека е подобро да гладувате отколку со фашисти во сојуз да влегувате.
Добро утро на реалноста на Нашата земја!"
Секако, има и такви кои велат дека не им е битен јазикот, туку екологијата.
"Што? Ковачевски рекол имаме чист јазик? А КОГА ЌЕ ИМАМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ БЕ??? КОГА ЌЕ ИМАМЕ ЧИСТИ УЛИЦИ??? НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ВАКВИ ГЛУПОСТИ! МОРА САМО ВОЗДУХОТ И УЛИЦИТЕ ДА СЕ ЧИСТИ! ДОЛУ ОВАА ВЛАДА!!!" - ни објасни еден еколошко освестен граѓанин.
Што да се каже освен... браво! Ајде да им го дадеме јазикот и конечно да видиме и ние некаков ќар!