logo

# Сатира

Протест на бездомниците: Само ние седиме дома!

насловна слика
Разочараност од своите сограѓани изразија бездомниците поради тоа што, како што велат, тие се единствените кои ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и седат дома. Полните паркови и раздвиженоста низ градот и покрај препораките на министерот Филипче да се остане дома, ги изреволтира оваа група на граѓани. Тие се разочарани бидејќи поради големата фрекфенција на луѓе, не се во состојба да направат самоизолација во својот сопствен дом. „Срамота е ова. Па не може само ние да ги почитуваме мерките и да седиме дома. Да не беше препораката за масовни собири ќе искочевме на протест. Добро, а и нема од каде да искочиме, ама тоа е друга тема… Меѓутоа, апелирам до сограѓаните да ги почитуваат мерките и да останат дома. Јавното здравје е заедничка одговорност.“ - истакна еден бездомник, кој сакаше да остане анонимен.

Коментари


Остави коментар