logo

# Сатира

ПРОНАЈДЕН ПРВИОТ ПАЦИЕНТ СО "ПРЕДНОВОГОДИШНА ЕУФОРИЈА-22"

насловна слика

Како да не беше доволен вирусот КОВИД-19... 

 

Денеска, во 8 часот и 33 минути беше забележан првиот пациент во Македонија кој боледува од ПредНовогодишнаЕуфорија-22.

 

Имено, докторите велат дека прв пат гледаат човек со оваа болест оваа година и сметаат дека најверојатно личноста боледува и од други психички пореметувања.

 

"Оваа болест се манифестира преку возбуда за новата година. Многу чудно. Ќе истражуваме повеќе за да откриеме што е причината за оваа болест. Ве уверуваме, оваа болест не е заразна и нема да бидете заболени со ПредНовогодишнаЕуфорија-22 доколку сте стапиле во контакт со оваа личност." - изјави еден од докторите кои го прегледуваат човекот.

 

Екипата на Кооперација.мк стапи во контакт со близок пријател на заболениот кој го изјави следното:

 

"А бе ок човек беше. Нормален, здрав прав... и одеднаш... ми кажа дека едвај чека да дојде 2022. Ќе славел. Ќе му било убаво. Нешто планирал позитивен да биде и планирал да работи на себе во 2022. Ептен, ептен чудно, Го пријавив во болница и дојдоа и го земаа. Сомнително, се надевам дека не сум и јас заразен."

Коментари


Остави коментар