Конечно идеја за промени во образованието што ги обедини сите!
Оценката "Одличен 5" ќе биде заменета со гиф од индијка која прави знак "македонијацеладае", а на врв на сликата ќе пишува "super"
"Бројките се демоде. Оценките исто така. Има ли подобар начин за да му покажеш на некого дека е одличен од ова гифче? Статистиката вели дека нема! Овој гиф значи премногу работи! А зборот "одличен' значи само... одличен. Овој гиф дури и го замени зборот "Najubvaaaaaaa" како коментар, а дури ја замени и фразата "Ama kazi koj te slikaseeee?? :* :P ;))))" и логично е дека следниот чекор е овој гиф да ја замени и најдобрата оценка што може еден ученик да ја добие. Веруваме дека сите баби и дедовци ќе бидат премногу горди ако нивното внуче дојде дома и се пофали дека професорот или професорката му постирала гифче "super👌" како оценка за последниот тест." - изјави член на министерството за образование