logo

# Сатира

Продолжуваат поправките на контроверзни песни: „Македонско девојче“ станува „Европско девојче“

насловна слика

Одлично завршената работа со песната „А бре Македонче“, чии стихови беа елегантно изменети за да се избегне употреба на политички некоректниот термин „фашисти“, ја поттикна Владата да формира Комисија за европеизирање на македонската музика, со задача да ги модернизира песните што содржат зборови кои може да ги навредат нашите соседи.

 

Комисијата ќе има четиригодишен мандат и ќе биде составена од докажани професионалци, кои можат да проголтаат се' што им се сервира, предводени од мултиталентираниот воркохолик, господинот Артан Груби.  

 

Прва на списокот за поправка и модернизирање се најде легендарната песна „Македонско девојче“, која на предлог на претседателот на комисијата, од денес ќе се вика „Европско девојче“   

Коментари


Остави коментар