logo

# Сатира

Продолжи случајот Рекет: Сведочеше гарнитурата на Катица Јанева

насловна слика

Емануела бр. 4, екс гарнитурата на екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство, денес седна (хехе...седна!) на клупата за сведоци во случајот Рекет и ги сподели со јавноста сознанијата и искуствата од нејзиниот престој во станот на Катица Јанева.

Во своето сведочење, таа се присети на првиот ден кога пристигнала во скромниот дом на Јанева и призна дека на почетокот ѝ било тешко, посебно за време на попладневната дремка после вториот ручек на газдарицата, но со тек на време научила да се носи со тежината.

За наводните криминални дејства на поранешната прва „специјалка“, сведочеше дека таа лично никогаш не ја видела да изврши кривично дело, но истакна дека и кога би сакала не можела да види, затоа што Катица и гостите 99% од времето ѝ биле свртени со грб.

Пред судот се пожали на третманот од полициските службеници, за кои рече дека се однесувале непрофесионално и ја привеле без никакви докази и без да ѝ дадат шанса да им објасни како се нашла на местото на злосторството, за што најави тужба до МВР за нарушување на честа и угледот.

Коментари


Остави коментар