logo

# Сатира

ПРКОС КОН ЕУ: Владата ќе го враќа старото име на Воинот на коњ

насловна слика

„Александар Македонски се враќа таму каде што припаѓа, на скопскиот плоштад! Ако тие пред нас немаа храброст да го викаат со вистинското име, ние имаме. Тој е важен дел од нашиот идентитет и така ќе остане сѐ додека го дишам овој македонски воздух. Радувај се Македонијо!“ - вака премиерот Заев го започна емотивното обраќање до нацијата по повод враќањето на името на споменикот на скопскиот плоштад.

 

Веднаш по неговиот говор, во кој неколку пати беше нагласен неговиот патриотизам како и клучната улога што Александар ја имал во неговиот живот, премиерот свечено ја откри плочата со старото име што ќе остане таму до локалните, а ако помогне во рејтингот и до следните парламентарни избори.

 

Овој изблик на патриотизам доаѓа по јасното одбивање на Нашата земја да преговара за идентитетот како услов за влез во ЕУ, само 3 години откако ги завршивме преговорите за идентитетот и го променивме името како услов за влез во ЕУ.  

-------------

Фото: Н. Величковиќ / DW

Коментари

pXTrwDh6G5qLbBx4EGsCUWQBfUmS4ieQBPq4nCP6

Дефинитивно дипломатски, промислен потез, способна влада, нема што....


Остави коментар