logo

# Сатира

ПРИВРШУВА ИСТРАГАТА: МВР набрзо ќе објави зошто граѓаните се криви за пожарот во Тетово

насловна слика

Министерството за внатрешни работи соопшти дека истрагата за пожарот во Тетово е при крај и очекува до крајот на оваа недела да се кристализираат сите причини поради кои граѓаните се виновни за предизвикување и ненавремено гасење на огнот што ја зафати модуларната болница.

 

 - Значи да бидеме реални, точно е дека власта, во соработка со Светска Банка и со потпис на министерката за социјала и труд, Шахпаска, а потоа и со одобрение од министерот за здравство, Филипче, ги нарача и ги монтираше бараките, но таа власт ја бирал некој. А кој ја бирал? Граѓаните! Е затоа цела одговорност за нејзините лоши одлуки паѓа на нивната лоша одлука на избори. Затоа нареден пат нека бираат со ум. – изјави портпаролот на МВР.

 

За сега не се знае како ќе бидат санкционирани најодговорните за катастрофата во Тетово, но од МВР велат дека ќе инсистираат судот да не биде строг во казнувањето, затоа што тоа што треба да живеат со својот избор цел еден мандат е повеќе од доволна казна.

Коментари

tytAR6BpMG1c9weTyrOpKUa50z07sNslPRhUZBKz

Jaaaaaaako

WnSmHxHJ8sfI3rY3nscIwNcKilCGNp6ZIlIJwS8a

веројатно ќе ни учукаат мандатна казна, не за друго, избори се ближат....ама после....


Остави коментар