logo

# Сатира

Приведена бабата: МВР истражува како гредето паднало врз дедето

насловна слика

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека денес е уапсена сопругата на повредениот дедо за која постои сомнеж дека директно влијаела врз паѓањето на гредата.

Како што рекоа од МВР, на информативен разговор биле повикани повеќе деца кои биле дел од коледарските поворки, а кои, според сознанијата на полицијата, имале информации за повредениот старец.

Од испитувањето на коледарите, МВР дошло до нови детали за случајот, па сега освен повредата, МВР ќе истражува и дали дедото бил жртва на семејното насилство од страна на неговата сопруга – бабата.

Коментари


Остави коментар