Управата за водење на матични книги најави протест во главниот град, поради како што велат тие "Потребата за уредување на работниот статус и зголемување на платите"
Сепак, за разлика од сите останати протести каде се бара што е можно поголема поддршка, матичарите се решија за поинаков пристап.
Тие ќе ви побараат копија на извод од матичната книга на родени не постара од 90 денови!
"Ова е сериозна ситуација. Ние си ја сакаме нашата професија и на улиците, а не само кога работиме! Затоа, доколку сакате да дојдете на протестите, обавезно со себе да си носите копија од лична карта, копија од пасош и копија од изводот на матичната книга на родените не постара од 90 дена! Што? Не можете да извадите пошто ние ќе протестираме? Е па тоа е, сите здраво за готово не' земате! Видете утре, кај Лиле од Кадровско побарајте, ако е на смена. Можеби ќе ви помогне." - изјави еден од матичарите.